Eşref Musa,Ethem Emre Özcan
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
РАС АЛ АЈН (AA) - Извршени се два истовремени бомбашки терористички напада во центарот на подрачјето на Рас ал Ајн, во северниот дел на Сирија, при што според првичните сознанија, нема жртви или повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлодираше бомба што била поставена во продавница во Рас ал Ајн.
По оваа експлозија, во истата населба се случи уште една експлозија.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени.
За време на експлозиите, турските војници што служат во Рас ал Ајн дистрибуираа хуманитарна помош во дворот на училиште во близина на местото на настанот. Турските војници им делеа хуманитарна помош на лицата со попреченост, сираците и раселените лица.
Новинарот на АА, кој го следеше делењето на хуманитарната помош, се наоѓаше во близина на местото каде што се случи експлозијата.
Локалните безбедносни сили започнаа истрага во врска со случајот, а се вели дека извршители на нападот се терористи припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Центарот на Рас ал Ајн беше ослободен од терористите на 12 октомври 2019 година во рамки на операцијата „Извор на мирот“.
ЈПГ/ПКК често врши напади од Ајн Иса и Тел Темар, кои сè уште ги држи под своја окупација, врз цивилните населени места во Рас ал Ајн и Тел Абјад.