Ahmet Karaahmet
12 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
ИДЛИБ (АА) – Во Сирија, во нападот врз цивилните населби од страна на терористичките групи што се под контрола на режимот на Асад и неговиот приврзаник Иран, едно дете го загуби животот, а две деца се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Режимските сили стационирани во градот Џурин, северозападно од Хама, го прекршиле примирјето во деескалационата зона во Идлиб напаѓајќи ги селото Хмејмет на автопатот М4 јужно од Идлиб и селата Килејдин, Зекум и Кастун западно од Хама.
Во нападот животот го загуби едно девојче, а две деца се повредени по што се пренесени во најблиските болници.
- Ситуацијата во Идлиб -
Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за една од четирите зони на деескалација.
Силите лојални на режимот на Асад го прекршија договорот и зазедоа три зони, а во Сочи на 17 септември 2018 година беше постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување деескалациона зона.
Турција во септември 2018 година во Сочи заедно со Русија се договорија за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа операции за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалационата зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март 2020 година беше постигнат нов договор меѓу Турција и Русија.
Примирјето, што режимските сили повремено го кршеа, во голема мера се применува.
Во периодот 2017 - 2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во регионите близу до границата со Турција поради нападите на режимските сили и Русија.