Mohamad Misto,Adham Kako
09 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
АНКАРА (AA) - Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК во последните четири дена измачуваа и убија уште најмалку двајца цивили, во окупираните региони во сирискиот град Диер ез-Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ЈПГ/ПКК продолжуваат со кршење на правата во сириските региони кои ги држат под окупација.
Според информациите на локалните извори од Диер ез-Зор до кои дојде новинарот на AA, терористите на ЈПГ/ПКК во регионот источно од градот измачуваа и убија двајца цивили, со тврдење дека им пружале поддршка на терористите на ДЕАШ.
Терористите ги убија 35-годишниот инженер Фахд Амас ал-Најиф и 50-годишниот аптекар Салих ал-Ахмет ал-Јасин, а нивните тела им ги предадоа, велејќи дека причина за нивната смрт е болест.
Членовите на нивните семејства наведуваат дека на телата можат да се приметат траги од измачување.
Терористите на ЈПГ/ПКК во минатиот месец го заробија Ал-Најиф, а за да го одземат неговиот автомобил го обвинија дека ги помагал терористите на ДЕАШ.
Минатиот месец во градот Хасеке, од последиците на терористичко измачување, почина и активистот Мухамед Мухди, а терористите во окупираните региони продолжуваат со спроведување на апсења, со различни изговори.
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објави дека терористите во текот на минатиот месец уапсиле најмалку 78 лица, меѓу кои 9 деца и 5 жени.