Ekipa
27 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар ал Асад во Идлиб гранатираше болница, а во нападите на неговиот поддржувач Русија животот го загубија двајца цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Опсерваторијата на опозицијата за набљудување на авиони информираше дека руски воени авиони синоќа извршиле воздушни напади во местото Кефренбил, Појасот Кеферума, и селата Маритирме, Рекаја, Урејнибе, Кириса и Хас во подрачјето на Идлиб.
Синоќа врз јужните рурални делови на Идлиб во нападот изведен врз селото Кириса животот го загубија двајца цивили.
Од друга страна, режимот на Асад во последните 24 часа, изврши воздушен напад јужно од Идлиб врз подрачјето на Кефренбил и Ихсам и селата Иблин, Маарзите, Џибала, Бсакал, Нукејир, Хазарин и Фатире.
Во нападот врз Кефренбил гранатирана е болница за деца и гинекологија. Болницата е уништена во голема мерка и стана неупотреблива.
Од почетокот на октомври досега, нападите изведени од војниците на режимот на Асад, Русија и терористичките групи поддржани од Иран врз подрачјето на Зоната за намалување на тензиите во Идлиб, принудија приближно 50.000 цивили да се раселат.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година досега, од нападите на режимот и Русија во деескалационата зона во Идлиб животот го загубија над 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција за една година надмина 1 милион.