Mustafa Melih Ahıshalı
27 Ноември 2019•Ажурирај: 29 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот лидер, Али Хаменеј, ги опиша како сеопфатен и опасен заговор демонстрациите што започнаа поради покачувањето на цената на бензинот во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранските медиуми, Хаменеј во својот говор во главниот град Техеран по повод Неделата на милициските сили, истакнувајќи дека демонстрациите биле финансирани од некои структури, рече: „Поскапувањето на бензинот беше изговор за многу длабок и опасен заговор кој имаше за цел убивање и уништување. Иранскиот народ го спречи тоа.“
Хаменеј, упатувајќи пофалби за интервенцијата на милициските сили и безбедносните сили против демонстрантите, рече дека со сузбивањето на случувањата непријателите се повлекле.
Иранскиот народ, кој поради американските санкции минува тешки моменти од економски аспект, по трикратното покачување на цената на бензинот излезе на демонстрации во голем број градови низ земјата.
На демонстрациите во голем број градови беа уништени јавни објекти, банки, бензински станици и маркети. „Амнести интернешнал“ објави дека најмалку 143 демонстранти загинале за време на настаните, а 7.000 лица се приведени.