Ekip
15 Февруари 2025•Ажурирај: 15 Февруари 2025
ДАМАСК (АА) - Сиријците во Дамаск вчера го прославија својот прв Ден на вљубените по падот на режимот на Башар ал Асад, јавува Анадолу.
Улиците и продавниците на главниот град на Сирија беа украсени со црвени рози, балони и празнични украси, симболизирајќи го обновеното чувство на радост и надеж во иднината.
Денот на вљубените се слави на 14 февруари ширум светот.
Башар ал Асад, кој беше лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Ахмед ал Шара, кој ги предводеше антирежимските групи во соборувањето на режимот на Башар ал Асад, е прогласен за претседател на Сирија.