Vesna Besic
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
АЈУТАЈА
На Тајланд веќе владее празнична атмосфера која ја надополнија учениците кои во училиште пристигнаа облечени во облека на Дедо Мраз, известува Агенција Анадолија (АА).
Денеска владее свечено расположение во училиштата во Ајутаја бидејќи во посета им доаѓаат слонови облечени како Дедо Мраз со подароци за учениците.
Објективот на фоторепортерот на АА ја забележа атмосферата во едно тајландско училиште.