Emre Aytekin
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
ПЕКИНГ (АА) - Кина го осуди законот донесен со одобрение на американскиот претседател Џо Бајден, со кој се забранува увоз на производи во САД произведени во ујгурската автономната област Ксинџијанг, поради обвинувањата за присилна работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Џао Лиџиен, реагира на одобрувањето од американската администрација на законот со кој се забранува увоз на производи произведени во автономната област Ксинџијанг во Кина.
„Законот се обидува да ја оцрни ситуацијата со човековите права во Ксинџијанг, спротивно на фактите“, нагласи портпаролот Џао.
Наведувајќи дека законот е отворена интервенција во внатрешните работи на Кина и сериозно го крши меѓународното право и основните правила кои ги регулираат меѓународните односи, портпаролот Џао рече: „Кина жали за оваа ситуација и ја отфрла.“
„Сите етнички групи во Ксинџијанг живеат среќно и задоволни се од животот“, рече Џао, додавајќи дека наводите за принудна работа се „лаги измислени од антикинеските сили“.
Предлог-законот, претставен од републиканскиот сенатор Марко Рубио и кој забранува увоз на стоки произведени со принудна работа на ујгурските Туркијци и другите верски малцинства во кинеската автономна област Ксинџијанг, беше донесен вчера со одобрение на Бајден.
Законот беше усвоен едногласно во Претставничкиот дом на 14 декември и во Сенатот на 16 декември.