свет

Службеник на ЦИА обвинет за откривање доверливи информации за израелските подготовки за напад врз Иран

Асиф В. Рахман се соочува со две обвиненија според Законот за шпионажа за намерно пренесување доверливи информации

Servet Günerigök  | 14.11.2024 - Обновена : 15.11.2024
Службеник на ЦИА обвинет за откривање доверливи информации за израелските подготовки за напад врз Иран

ВАШИНГТОН (АА) - Службеник на ЦИА, кој работи во странство, обвинет е за откривање доверливи документи во кои наводно има детали за подготовките на Израел за одмазднички напад врз Иран, се вели во извештајот објавен вчера, пренесува Анадолу.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на судски записи и извори запознаени со случајот, објави дека Асиф В. Рахман бил уапсен во вторникот во Камбоџа и однесен на прекуморската американска територија Гуам.

Денес тој е обвинет од федералниот суд во Северна Вирџинија, во близина на седиштето на ЦИА во Ленгли, близу Вашингтон.

Рахман се соочува со две обвиненија според Законот за шпионажа за намерно пренесување доверливи информации. Американски документи од висока тајност биле незаконски откриени на 17 октомври од Камбоџа, вели „Вашингтон пост“.

На 22 октомври ФБИ соопшти дека го истражува истекувањето на наводно доверливи документи со деталните подготовките на Израел за неговиот одмазднички напад врз Иран.

Документите, со датум од 15 и 16 октомври, почнаа да циркулираат на 20 октомври откако беа споделени на каналот на Телеграм, Middle East Spectator. Протекувањето, наводно, доаѓа од извор во американската разузнавачка заедница.

На 1 октомври Иран изврши балистички напад како одмазда за атентатите на поранешниот политички лидер на Хамас во Техеран во јули и убиството на генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насрала, во Бејрут овој септември.

Во бараж беа истрелани речиси 200 проектили, кои погодија неколку локации во Израел, вклучително и воен објект, но немаше жртви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın