Selman Aksünger
27 Април 2023•Ажурирај: 29 Април 2023
АМСТЕРДАМ (АА) - Случаите на дискриминација во Холандија минатата година главно се засновани врз етничка припадност, се наведува во годишниот извештај подготвен со помош на неколку институции, пренесува Анадолу.
Во извештајот се наведува дека е зголемен бројот на пријави за дискриминација на деца упатени до полицијата и омбудсманот во земјата во споредба со 2021 година.
Бројката на пријави во полицијата е зголемена на 6.738 во 2022 година, што е за 2 % повеќе во однос на 2021.
Случаите на дискриминација засновани врз етничка припадност главно се случувале во професионални опкружувања и во јавните служби, се наведува во извештајот.
Се додава дека веќе трета година по ред се во пораст пријавите поднесени до полицијата.
Кога станува збор за дискриминација заснована врз верска припадност во 2022 година, во 93 % од случаите цел биле муслиманите, во споредба со 67 % од случаите претходната година.
Во извештајот во посебна категорија, исто така, се споменува антисемитизмот.