Betül Yürük
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку шест лица загинаа во инцидентот кој се случи на Менхетен во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на американските медиуми, загинаа шест, додека ранети се околу 15 лица.
Напаѓачот наводно возел камион во погрешен правец на велосипедската стаза. Откако прегазил неколку лица удрил во друго возило и излегол од камионот.
Во раката носел нешто што наликува на пиштол, но сеуште не е познато дали се работи за пиштол.
Полицијата потоа го застрела напаѓачот и го однесе да му се укаже помош.