Umar Farooq
04 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) вчера не успеа да ги осуди неодамнешните воздушни напади во Либија, затоа што Соединетите Американски Држави (САД) не сакале да го поддржат текстот од соопштението, велат неколку извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот одржа двочасовен состанок зад затворени врати во врска со нападот, кој се случи во вторникот врз мигрантски камп во предградието Таџура во главниот либиски град Триполи, во кој загинаа најмалку 44 лица, а беа повредени 130.
Итниот состанок беше свикан од страна на Перу, кој претседава со Советот овој месец.
Велика Британија наводно издала соопштение во кое го осудува нападот и повикува на прекин на огнот и враќање на политичките разговори.
Но, американските дипломати не го одобриле соопштението, велејќи дека им е потребен збор од Вашингтон за да можат да гласаат.
Владата на Либија за национална согласност (ГНА) го обвини воздушниот напад врз силите на командантот Калифа Хафтар.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е навреден поради нападот и повика на независна истрага.
Американскиот Стејт департмент го осуди нападот, но не повика на прекин на огнот.
Калифа Хафтар на почетокот на април започна воени акции со план за освојување на главниот град Триполи, каде што се наоѓа седиштето на Владата на национално единство на Либија.
Либија е зафатена од превирања од 2011 година, кога во крваво востание поддржано од НАТО беше соборен, а потоа и убиен повеќедеценискиот лидер Муамер Гадафи.
Оттогаш, острите политички поделби во земјата доведоа до создавање на две ривалски власти, една во источниот дел на Либија, со која е поврзан Хафтар, и друга во Триполи, поддржана од Обединетите нации.