Amina Zorniç
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ОТАВА (АА) - Четириесетгодишниот Ахмед Хусен, кој како 16-годишник од завојуваната Сомалија како бегалец стигна во Канада, денес е именуван за министер за имиграција, бегалци и државјанство во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Сомалиецот Хусен, политички активист и адвокат, денес во Отава беше именуван за министер од страна на канадскиот премиер Џастин Трудо.
„Приказната за Канада е приказна за имиграција, особено сум горд што премиерот Трудо ми довери вакво место“, изјави Хусен.
Хусен е роден во Сомалија, во 1976. година од каде што поради војната во 1993 година, на 16 години емигрирал во Канада и се населил во Торонто.
Есента 2011 година, Хусен ја почнува својата политичка кариера како волонтер во Законодавното собрание во Онтарио, по што наредната година станува асистент на Далтон Мекгинти, тогашен водач на покраинската опозиција.
На тоа место остана до ноември 2003 година, кога е унапреден во специјален помошник на официјално лице на владејачката Либерална партија, а беше задолжен за прашањата на управување, политика и комуникации.
Поради својот општествен ангажман, властите на Торонто во 2004 година го прогласија како еден од десетте поединци со значаен придонес за заедницата.
Во 2014 година станува првиот Сомалиец што е избран во канадскиот Парламент. Во својот политички ангажман, Хусен со години се залагаше за правата на бегалците и за рамноправност на сите граѓани.
Канада минатата година прифати речиси 300.000 мигранти, колку што планира да прифати и оваа година.