Mustafa Keleş
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ЊУЈОРК (AA) - Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на првта конференција за новинарите во Њујорк денеска зборуваше за наводните компромитирачки документи за поврзаноста на Русија и Трамп како и вмешаноста на Москва во последните американски претседателски избори, напоменувајќи дека зад хакирањето стои Русија, но и други поединци и земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Срамно е што протекоа тие информации. Сето тоа се лаги, не се случило такво нешто, а тоа го објавија нашите противници. Тоа се болни луѓе, они ги смислија таквите глупости. Тоа е потполна срамота", рече Доналд Трамп
Тој им се заблагодари на медиумите кои не ги објавиле тие, како што рече, „глупости кои ги објавиле можеби разузнувачките агенции".
На прашањето во врска со скандалот околу наводното хакирање, Трамп истакна дека мисли дека тоа го направила Русија.
„Кога сме кај темата хакирање. Мислам дека зад тоа стои Русија. Но во тоа учествуваа и други поединци и земји. Имаме 22 милиони имиња, тука беше и Кина. Многумина не хакираат. Собравме тим од најголеми експерти кои сето тоа ќе го спречат", рече Трамп.
На прашањето за неговиот однос со Русија и лидерот на таа земја Владимир Путин, нагласи дека „доколку на Путин му се допаѓа Трамп, тогаш тоа е предност, но никако недостаток".
Едно од прашањата на новинарите се однесуваше и на се почестите обвинувања дека кабинетот му е полн со луѓе во судир со интересите.
„Имаме еден од најдобрите кабинети на претседатели, сите ни го говорат тоа. Сакам да ги доведам најдобрите можни луѓе. Нашите трговски договори се катастрофа, дневно губиме стотици милијарди долари во трговија со Кина, Јапонија, Мексико. Ни требаат паметни и успешни луѓе и јас веќе ги донесов", рече Трамп.
Потсети на претходните изјави во кои вети отворање на нови работни места.
„Реков дека ќе овозможам бројни работи и тоа ќе го направам. Веќе тоа го работам. Ќе биде ова проект каков што светот не видел, а уште помалку очекувал", рече Трамп.