Tevfik Durul
05 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
АТИНА
Во близина на грчкиот град Александруполи се преврте возило кое превезувало азиланти. Во несреќата животот го загубија 10 лица, а 2 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во грчките медиуми, возилото во кој се наоѓале мигрантите, движејќи се по патот Егнатија, во 04:00 по локално време излетал од патот и се превртел.
Во несреќата животот го загубија 10 лица, а 2 се повредени.
Повредените се префрлени во болницата во Александруполи, а во тек е истрага за причината на несреќата.
Александруполи се наоѓа на околу 30 километри од грчката граница со Турција.