Nazlı Yüzbaşıoğlu
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Тајланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, министерот Чавушоглу, на 52. Состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Тајланд, се состана со рускиот колега Лавров.
Педесет и вториот состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН започна на 27 јули во Бангкок, Тајланд, а ќе заврши на 3 август.