Çağrı Koşak
09 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
ТРИПОЛИ
Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) во Либија, Гасан Саламе, истакна дека со задоволство го прифатил повикот од Турција и Русија за прекин на огнот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на веб-страницата на Мисијата за поддршка на Либија во ОН, Саламе ги покани меѓународните и локалните страни во либискиот конфликт итно да одговорат на повикот и да ги преземат потребните чекори.
Саламе рече дека на повикот треба да се одговори позитивно за да престанат крвопролевањата и луѓето да не патат поради војната.
Посочувајќи на Берлинската конференција, Саламе рече дека либиската криза треба да се реши што е можно поскоро.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, во вчерашната заедничка изјава упатија повик за прекин на огнот кој би требало да започне точно на полноќ на 12 јануари.
Владата за национално единство (UMH), која е прифатена како единствен легитимен претставник на Либија, Државниот висок совет и Парламентот во Триполи, во синоќешното соопштение истакнаа дека се задоволни од повикот за прекин на оружјето и дипломатско решение на кризата.
Генералот пучист Калифа Хафтар сѐ уште молчи пред повикот за прекин на огнот.
Во Либија, каде што легитимната криза продолжува од 2011 година, се водат судири меѓу Владата за национално единство (UMH), која има меѓународен легитимитет и силите поврзани со Хафтар.