Elena Teslova
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, со помош на турските дипломати во Астана ќе се сретне со претставниците на сириската опозициска група, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот што се одржува во Астана, Казахстан, присуствуваат делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, Турција, Русија, Иран и на САД.
Министерот Лавров истакна дека за одржувањето на средбата на Мистура со претставниците на опозицијата во Астана ќе придонесе и Русија.
Рускиот министер нагласи дека целта на преговорите во Астана е со меѓународна помош да се одржи средба меѓу режимот и опозицијата.
Доколку мировните преговори во Астана бидат успешни, ќе продолжат преговорите меѓу режимот и останатите групи.