Jeyhun Aliyev
30 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
СЕУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во демилитализираната зона на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
По учеството на Самитот на лидерите на земјите Г-20, Трамп допатува во официјална посета на Јужна Кореја.
Трамп во Сеул се состана со јужнокорејскиот колега Мун Џае Ин, а по состанокот потврди дека во демилитализираната зона на границата меѓу Северна и Јужна Кореја ќе се состане и со Ким Џонг Ун.
„Ќе отпатуваме во демилитаризираната зона и таму ќе се состанам со Ким. Ја разбираме состојбата. Санкциите се на сила и мене не ми се брза“, изјави Трамп.
На прашањето на новинарите која е целта на неговиот и состанокот на Мун Џае Ин со Ким Џонг Ун, Трамп изјави дека ќе се ракува и ќе се поздрави бидејќи не се виделе од Самитот во Виетнам.
Тој, исто така додаде дека тоа ќе биде кратка средба, но и дека ракувањето може да има голема важност.