Irmak Akcan
16 Ноември 2025•Ажурирај: 17 Ноември 2025
АНКАРА (АА) - Пожарот што избувна во логистички центар во сопственост на „E-Land Fashion“ во Чеонан, Јужна Кореја, е ставен под контрола, известува Анадолу.
Новинската агенција Јонхап објави дека пожарот избувнал околу 6:00 часот наутро по локално време во четирикатен логистички центар во Чеонан, околу 90 километри јужно од главниот град Сеул.
Противпожарните служби информираа дека пожарот е ставен под контрола околу 15:30 часот и дека нема човечки жртви.
Властите изјавија дека во гасењето на пожарот учествувале 430 лица и 11 хеликоптери. Се забележува дека иако главниот пожар е ставен под контрола, нивото на приправност е ставена на „ниво 2“ поради присуството на бројни жарчиња во центарот и можноста од негово повторно разгорувања.
Во веста се наведува дека во логистичкиот центар приближно 500 луѓе работат во работните денови.