Ata Ufuk Şeker
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) – Бројот на жителите над 80-годишна возраст во државите на ЕУ достигна до 26 милиони 761 илјада 655, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод Светскиот ден на стари лица, Еуростат ги објави податоците за 2015 година во врска со старото население во европските држави.
Во 28-те држави на ЕУ, од вкупниот број на населението, кој достига до 510 милиони, живеат 26 милиони 761 илјада 655 луѓе на возраст над 80 години.
Во Германија, бројката на жители над 80-годишна возраст изнесува 4 милиони 544 илјади 298, во Италија 3 милиони 977 илјади 449, во Франција 3 милиони 850 илјади 802, додека во Англија има 3 милиони 93 илјади и 80.
Европското население продолжува да старее со зголемувањето на просечниот животен век. Процентот на населението на над 80-годишна возраст во 2005 година изнесуваше 4 отсто, додека во 2015 година се издигна на 5,3 отсто. Со други зборови, секој 20-ти жител на ЕУ е на возраст над 80 години.
Италија е држава со најголем процент на население на над 80-годишна возраст и овој процент изнесува 6,5 отсто. Оваа бројка во Грција изнесува 6,3%, во Шпанија 5,9, а во Франција 5,8 отсто.
Речиси една третина од населението на над 80-годишна возраст во ЕУ се жени.
Според податоците, во споредба со државите на ЕУ, Турција е со најмал процент на старо население. Во Турција живеат 1 милион 315 илјади и 845 луѓе на над 80-годишна возраст, а тоа е 1,7 % од вкупното население. Од старото население, 61,7% го сочинуваат жени.