Gökhan Ergöçün
04 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, е именуван за нов гувернер на Норвешката централна банка (Норгес банка), јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг беше меѓу 22-та кандидати за оваа функција.
Ојштајн Олсеин, актуелниот гувернер, денеска изјави дека Столтенберг не може да ја преземе функцијата до 1 декември, додавајќи: „Но знам дека банката „Норгес“ ќе биде во сигурни раце под водство на заменик-гувернерката Ида Волден Баче од 1 март.“
Столтенберг (62) има диплома по економија од Универзитетот во Осло.
Тој беше министер за финансии на Норвешка од 1996 до 1997 година, по што следуваа два мандати како премиер од 2000 до 2001 и од 2005 до 2013 година.
Тој го презеде највисокото место во НАТО во октомври 2014 година и неговиот мандат трае до крајот на септември 2022 година.