Alma Dekovic
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Босна и Херцеговина е ценет партнер на НАТО и силно го поддржуваме вашиот суверенитет и територијален интегритет и остануваме посветени на вашите евроатлантски интеграции за благосостојбата на сите ваши народи, изјави денес во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Агенција Анадолија (АА).
По состанокот со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефиќ Џаферовиќ, во седиштето на НАТО, Столтенберг рече дела Алијансата цврсто го поддржува мирот и стабилноста во БиХ и Западниот Балкан.
„Нашиот политички дијалог и практична соработка се поважни од било кога имајќи ја во предвид војната против Украина и малигното влијание на Русија на регионот. НАТО ќе направи што повеќе за да стои со нашите партнери за да ја разбудиме соработката со БиХ. Тоа би можело да вклучи нов пакет за изградба на одбранбени капацитети и зајакнување на нашата соработка во поглед на лесно и мало оружје во борба против тероризмот, управувањето со кризни ситуации и сајбер безбедност“, нагласи Столтенберг.
Рече дека „со интензивирање на политичката и практичната помош НАТО може да помогне во изградбата на отпорноста и да спречи можна идна агресија“.
Соговорниците разговараа за улогата на НАТО во операцијата „Алтеа“ во БиХ, при што Столтенберг рече дека Алијансата продолжува да ја поддржува оваа важна операција на Европската Унија.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека Вооружените сили на БиХ се една од најважните мултиетнички институции во БиХ и дека се клучни за стабилноста на БиХ и дека мора да се зачуваат.
„Ги повикувам сите сили да ја запрат реториката на поделба и да преземат конкретни мерки на помирување“, истакна Столтенберг.
Тој додаде дека НАТО долгорочно е определен да пружи поддршка за да се сочува мирот и стабилноста во регионот.
„Загрижени сме и внимателно ја следиме реториката за поделба и пораките кои доаѓаат од Република Српска и затоа сега разгледуваме како можеме дополнително да ја зајакнеме практична поддршка, вклучително изградбата на одбранбените капацитети“, рече Столтенберг и додаде:
„Сакаме да работиме на изградба на капацитети прилагодени за БиХ. Целта е да се спречи нова нестабилност, нова војна, затоа сме таму за да го сочуваме мирот и блиската соработка со БиХ“.
Столтенберг се осврна и на разговорот со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој се противи на членството на Финска и Шведска во НАТО.
Во таа прилика изрази уверение дека сојузниците ќе „пронајдат решение Финска и Шведска да станат членки на НАТО“.