Elena Trenchevska Chekovic
17 Август 2025•Ажурирај: 18 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – Стотици граѓани излегоа на улиците на Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), на маршот насловен „Престанете да ја изгладнувате Газа“ во знак на протест против убивањето новинари во Палестина од страна на израелските сили и повикаа на прекин на гладот во Газа, јавува Анадолу.
Веејќи палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка граѓаните го искажаа својот револт.
Израелската армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, води брутална војна во Појасот Газа од октомври 2023 година, во којашто се убиени најмалку 61.900 Палестинци.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.