Şeyma Uzundere
19 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) - Стотици луѓе се собраа во Лондон, главниот град на Англија и на Велика Британија, за да протестираат против владината политика кон Националниот здравствен систем (NHS), известува Агенција Анадолија (АА).
Активистите кои маршираа кон „Даунинг стрит“, каде што се наоѓа кабинетот „Број 10“ на британскиот премиер, им дадоа поддршка на вработените во Националниот здравствен систем (NHS) кои штрајкуваат.
Барајќи од Владата да им ги зголеми платите на здравствените работници, демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Штрајк за заштита на НХС!“ и извикуваа „Ние сме НХС!“
Демонстрациите ја повика Владата да обезбеди правична плата за медицинските сестри.
Стотици медицински сестри во Британија вчера се одлучија да одржат 48-часовен штрајк.
Медицинските сестри членки на синдикатот РКН (Royal College of Nursing) ја прекинаа работата во 55 болници, откако Владата не го обезбеди зголемувањето на платата што го побараа.