Afra Aksoy
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ЕЛ ХУДАИДА (АА) - Војската на Јемен соопшти дека го зазела подрачјето на Ел-Џах, во областа Ел Худаида, на северот од земјата. Во соопштението се наведува дека во судирот меѓу војската и Хусите се убиени 50 милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Информативниот центар на бригадата Ел-Умалика, која е поврзана со Владата, даде писмено соопштение во кое се вели дека јужно од Ел Худаида, во подрачјето Ел-Џах продолжуваат судирите меѓу владината војска и Хусите.
Покрај судирот меѓу бригадата Умалика и Хусите, во воздушните напади што коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ги изведоа во регионот, убиени се 50 милитанти.
По судирот, извршена е претрага на теренот и запленето е големо количество муниција која им припаѓала на Хусите.
- Поставена заседа во Шебве: Двајца загинати, 5-мина ранети -
Во југоисточниот дел на земјата, во областа Шебве, поставена е заседа на воено возило. Во нападот загинале двајца војници, а петмина се ранети.
Според информациите добиени од безбедносни извори, во источниот дел на областа Шебве, милитантите на Ал Каеда нападнале воено возило. Во нападот животот го загубиле двајца војници, а петмина се ранети.
Подолг период Јемен се наоѓа во политичката криза, по државниот удар кој го изведоа Хусите. Од септември 2014 година, главниот град Сана и некои други подрачја во земјата се под нивна контрола. Коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на јеменската Влада.