Elvir Hocic
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
КАЗАН (АА) - Најмалку 14 лица загинаа во сообраќајна несреќа на камион и патнички автобус во рускиот регион Татаристан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Синоќа, половина час по полноќ по локално време, дошло до директен судир меѓу камион и патнички автобус кој сообраќал на редовната линија Смара - Изхавск.
По силниот судир, автобусот со 28 лица се превртел и се запалил.
Според првичните информации, во несреќата загинале најмалку 14, а повредени се 15 лица.
Меѓу повредените има повеќе лица кои се наоѓаат во животна опасност, а за причините за несреќата покрената е истрага.