Emel Öz Gözellik
09 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
АНКАРА (AA) – Поранешeн будистички свештеник во Тајланд e прогласен за виновен за измама и е осуден на затворска казна од 114 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што објави „Bangkok Post“, тајландскиот суд, поранешниот будистички свештеник Вирапон Сукпон го прогласил виновен за измама и перење пари и му одредил затворска казна од 114 години.
Функционерите јавија дека 38-годишниот Вирапон ги мамел луѓето тврдејќи дека има „супер моќ“ и дека на тој начин собрал големи количини пари.
Вирапон во 2013 година е забелажан на видеоснимка додека патува со приватен авион со големи количини пари. Откако ова видео е објавено, Вирапон е протеран од будистичкиот храм на кој му припаѓал. Потоа избегал во Соединетите Американски Држави, а во Тајланд е екстрадиран 2017 година.
Иако е осуден на 114 години затвор, се наведува дека според тајландските закони може да излезе од затвор по 20 години отслужена казна.