Zehra Ulucak
01 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Според првичните информации, во Јапонија тајфунот „Трами“ одзеде два животи, а 150 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави информативната агенција „Кјодо“, во подрачјето Тотори настана свлечиште во кое животот го загубил возач на камион, додека во подрачјето Јаманаши е пронајдено мртво тело во реката.
Одговорните лица истакнаа дека во тајфунот што ја зафати Јапонија се повредени 150 лица. Во Мијазаки, како исчезната се води една 60-годишна жена која вчера паднала во водите на дренажна цевка.
Во меѓувреме, Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека тајфунот, кој имаше големо влијание врз центарот на главниот град, Токио, се движи кон источните и северните делови на областа Хоншу.
Поради откажување на возниот редослед од вчера наваму на големите железнички станици во главниот град има пренатрупаност од патници.
Воз што се обраќал на линијата Кејо, удри во ѕид што се урнал врз железничката пруга. Ниту еден од 70-те патници во возот не бил повреден.
„Јапонски ерлајнс“ и „Ол Нипон Ервејс“ (АНА) откажаа повеќе од 180 летови. Во Токио и во неговата близина без електрична енергија останаа 450.000 домаќинства, а тоа е случај и со 860.000 домаќинства во централниот дел на земјата. Во североисточниот дел на земјата и во областа Ниигата, без електрична енергија останаа 57.000 домаќинства.
Властите соопштија дека во градот Хачиои, брзината на ветрот достигнала до 164 километри на час, а истите извори наведуваат дека тајфунот во утринските часови, на 130 километри од ’ртот Кејп Еримо, во областа Хокаидо, се движел со брзина од 95 километри на час.
Агенцијата за пожари и катастрофи вчера соопшти дека за повеќе од 3,8 милиони луѓе, од 23 региони низ целата земја, е издадена наредба и предупредување за евакуација.
Вчера беше објавено дека поради тајфунот, во различни делови од земјата голем број железнички и авиокомпании ги откажале своите патувања, поради што повеќе од 100.000 патници не успеале да отпатуваат.
Студиото „Universal“ во Јапонија, со седиште во Осака, вчера поради тајфунот го затвори тематскиот парк за посетителите.
Во тајфунот „Џеби“ што ја зафати Јапонија на 4 септември, кој се смета за најсилен во последните 25 години, загинаа 11 лица, а стотици беа повредени.