Vakkas Doğantekin
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
АНКАРА
Социјалната мрежа Твитер обележа два твита објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, кои во првиот чекор од ваквиот потег се покажаа како неосновани и беа оценети дека шират лажни тврдења, јавува Агенција Анадолија (АА).
Еден од твитовите на Трамп на кои беше поставено обележување гласи: „Нема шанси гласачките ливчиња преку пошта да бидат ништо помалку од измамнички и ќе доведат до ’лажирани избори‘.“
Твитовите на претседателот се фокусираа пред сè на напорите на Калифорнија да го прошири гласањето преку пошта поради новата пандемија на коронавирусот.
Кога корисникот на Твитер ќе ја види оваа објава, под неа стои линк од Твитер на кој пишува „Факти за гласањето преку пошта“.
Линкот води до збир твитови и нови статии одбрани од Твитер кои наводно ги разоткриваат изјавите на претседателот.
Трамп го критикуваше Твитер, обвинувајќи ја компанијата за мешање во изборите на САД во 2020 година.
„Твитер комплетно ја задушува слободата на говор, и јас, како претседател, нема да дозволам да се случи тоа“, напиша тој на Твитер.
Трамп долго време не се согласува со технолошките компании, особено со Твитер.
„Она што го прават од Твитер е ужасно. Ќе ви кажам што, тие треба да се тужат“, изјави Трамп за „Фокс бизнис нетворк“ (Fox Business Network) минатата година и додаде: „Овие луѓе се сите демократи. Кога би објавил утре дека ќе станам либерален демократ, би се здобил со пет пати повеќе следбеници.“