Mehmet Yılmaz Güldaş
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 10 терористи на ПКК во северен Ирак, се соопштува од Министерството за одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Пет терористи беа неутрализирани во регионите Хафтарин и Хакурк откако беа откриени преку активностите за извидување и надзор“, се соопштува од Министерството.
Во друга операција спроведена од Турските вооружени сили во соработка со турската Национална разузнавачка организација, уште пет терористи беа неутрализирани во регионот Асос.
Од Министерството се соопштува дека тие исто така биле откриени преку активностите за извидување и надзор.
Терористите на ПКК често се засолнуваат во северен Ирак за да планираат прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.