Ekipa
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
ОСТИН (АА) – Според соопштението на властите, едно лице загина, а тројца се повредени во престрелка на две локации во центарот на Остин, во државата Тексас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Остин преку Фејсбук и Твитер соопшти дека во 2:30 наутро имало одвоени престрелки на две локации и дека има повеќе жртви.
Подоцна беше објавено дека местото на настанот е безбедно.
Рик Рутглед од Службата за итна медицинска помош во Остин, потврди дека една жена загина, а три лица се хоспитализирани. Сè уште не е позната здравствената состојба на повредените.
Полицијата, исто така, ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците. Засега не се достапни подетални информации.