Zehra Ulucak
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
ХЈУСТОН (АА) - Бројот на загинатите во налетот на ураганот Харви, кој ја погоди американската сојузна држава Тексас, се искачи на 60 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните соопштија дека 60 лица го загубиле животот на различни локации во налетот на ураганот од четврта категорија, кој на 25 август пристигна на брегот на Тексас.
Според соопштението, настраданите загинале во поплавите или во несреќен случај при паѓање на откорнати дрвја.
Од друга страна, надлежните велат дека тимовите за итна помош задоцниле со интервенциите за некои настрадани во регионот погоден од ураганот и поплавите, па некои болни починале поради тоа што боците за кислород не работеле поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија.
Во поплавите предизвикани од ураганот оштетени се стотици куќи и возила, како и мостови и патишта, а десетици илјади лица се сместени во засолништа.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) на САД соопшти дека досега поради ураганот, 53.630 лица се сместени во хотели.
Според ФЕМА, околу 560.000 семејства се регистрирани во програмата за помош при домување.