Selçuk Acar
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 12 лица загинаа, а три се повредени во сообраќајна несреќа која се случи во американската сојузна држава Тексас, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за јавно здравство на Тексас соопшти дека до несреќата дошло при судир на автобус и камионет. Автобусот превезувал верници кои во Тексас се враќале од Њу Браунфелс каде што престојувале во баптистички камп.
Во соопштението се наведува дека во автобусот се наоѓале 14 припадници на баптистичката заедница, а во камионетот бил само возачот.
Според првите информации, на местото на несреќата животот го загубиле најмалку 12 лица, а три повредени лица се префрлени во болница.
Истрагата за деталите и причините за несреќата е во тек.