Hakan Ceyhan Aydoğan
13 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абулазиз, во врска со кризата меѓу Катар и некои арапски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на информативниот центар на Кремлин, во телефонскиот разговор меѓу Путин и кралот Салман се разговарале во врска со кризата меѓу Катар и некои арапски земји, како и за последните случувања во регионот на Блискиот Исток.
Според соопштеното, Путин и кралот Салман ги оцениле билатералните односи на Русија и Саудиска Арабија, и изразиле желба за развој на соработката.
Путин и кралот Салман се согласија околу продолжувањето на средбите меѓу двете земји во врска со различни области.