Kübra Chohan
13 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
ЛЕВКОША (АА) - Најмалку еден полицаец е ранет во денешниот ракетен напад врз воена база на подрачјето на суверената територија на Обединетото Кралство на југоисточниот брег на Кипар, јавува Anadolu Agency (AA).
Од воената база во Декелија беше соопштено дека напаѓачот на мотор истрелал проектил од рачен фрлач и притоа полесно повредил еден полицаец.
Напаѓачот потоа побегнал, а во тек е потрагата по него.
Обединетото Кралство поради значајноста на стратешката позиција ги задржа двете суверени бази Акротири и Декелија на островот Кипар, откако островот во 1960 година стана независен од британската колонија.