Kasım İleri
09 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, имаше телефонски разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел, по повод 75-годишнината од победата на Алијансата над Германија, во Европа во Втората светска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир, даде изјава во врска со телефонскиот разговор.
„Двајцата лидери разговараа и за позитивните случувања во надминувањето на епидемијата на коронавирусот, Ковид-19, истражувањата во таа насока и за повторното отворање на економиите на Германија и на САД“, истакна заменик-портпаролот Дир.
Наведувајќи дека Трамп ѝ се заблагодарил на канцеларката Меркел за напорите во борбата против епидемијата на Ковид-19, Дир истакна дека двајцата државници разговарале и за регионалните прашања.
Денот на победата на Европа (V-E Day) се одбележува секоја година по повод победата на САД, Русија и силите на Алијансата предводени од Велика Британија над Германија на 8 мај 1945 година.