Ekip?
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Месечното списание „CTCSentinel“, коeшто го издава Центарот за борба против тероризмот при Американската воена академија, на насловната страница за јунско-јулскиот број објави фотографија на терорист кој на рамото го носи ликот на водачот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, јавува Anadolu Agency (AA).
Под фотографијата на терористот кој на униформата, во делот на рамото го носи ликот на Оџалан, објавен е и опис: „Член на Сириските демократски сили (SDG) (SDG) го набљудува чадот над квартот Мешлеб во Рака (7. јуни 2017)“.
САД за милитантите на ПКК/ПЈД, кои ги сметаат за сојузници, го користат терминот Сириски демократски сили (SDG) (SDG).
ПЈД/ПКК на 12 октомври 2015 година собраа повеќе помали блиски групи кои ѝ дадоа оружена и логистичка поддршка на организацијата, а формирани се под името „SDG“. Се работи за група од неколку стотици лица, кои на почетокот не привлекоа многу внимание.
Поголемиот дел од Сириските демократски сили (SDG) на почетокот го сочинуваа милитантите на ПЈД/ПКК, а групата за којашто се тврдеше дека е нова, беше целосно под контрола на ПЈД/ПКК, чии терористи носеа униформи со знакот на SDG. Иако тогаш на сите им беа поделени униформите со новите ознаки на SDG, некои терористи сепак продолжија да ги носат старите со ликот на Оџалан.
По формирањето на Сириските демократски сили (SDG), зголемена е и поддршка на САД за ПЈД/ПКК.
Американската администрација тврди дека нејзината поддршка не е наменета за ПЈД/ПКК, туку за SDG, и дека оружје испраќаат само за „Арапската коалиција во Сирија“. Со тоа, САД настојуваат да одговорат на реакциите на Турција, која остро се противи на вооружувањето на терористите на ПЈД, огранокот на терористичката организација ПКК во Сирија.
ПКК е на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и во САД.