Eşref Musa
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК киднапира 28 лица во окупираната северна сириска покраина Рака за да ѝ се придружат на вооружената група сосила како „задолжителна воена служба“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите на ЈПГ/ПКК во петокот влегле во Мансура во западното рурално подрачје на Рака, соопштија извори кои побараа да останат анонимни.
Терористичката организација киднапира млади луѓе што биле на пикник со своите семејства на брегот на реката во едно одморалиште.
Тие се однесени во таканаречените кампови за обука во областа Табка во Рака.
ЈПГ/ПКК ќе продолжи со земање насила млади луѓе од центарот на градот Рака и од руралните средини за да го зголеми својот вооружен персонал, нагласија локалните извори.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
ЈПГ е сириски огранок на ПКК.