Sibel Uğurlu
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Полициските функционери на Сомалија соопштија дека билансот на страданите во вчерашниот терористички напад во Могадишу се зголеми на 189 лица, додека најмалку 200 други се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчерашната експлозија на камион наполнет со експлозив во центарот на Могадишу се смета за најкрват терористички напад во историјата на Сомалија.
Локалните извори јавуваат дека меѓу загинатите е најмалку еден новинар, како и дека неколкумина од нив се меѓу ранетите. Медиумската мрежа Гласот на Америка јавува дека нивен репортер Абдулкадир Абдул е меѓу ранетите.
Сеуште никој не презеде одговорност за вчерашниот напад во Могадишу, но слични напади во земјите на Рогот на Африка претходно изведуваше терористичката група Ал Шабаб.
Турција најостро го осуди вчерашниот напад во Сомалија, а Ибрахим Калин, гласноговорникот на кабинетот на турскиот претседател, денеска соопшти дека ранетите лица од Могадишу ќе бидат префрлени на лекување во Турција.
„Воен амбулантен авион денеска ќе достави медицинска помош на Сомалија и ќе ги транспортира ранетите лица во Турција. Тоа беше наредба на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган", порача Калин на социјалната мрежа Твитер.