Ekipa
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ИРАН (АА) - Иран денес го затвори главниот граничен премин со Регионалната курдска управа во северен Ирак, како резултат на тензиите произлезени од минатомесечниот нелегитимен референдум за независност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Иранските власти го затворија преминот во близина на покраината Сулејманије“, изјави директорот на терминалот Али Тефик, за новинарите.
Тој истакна дека не е наведена причината за потегот на Иран.
„Затворањето го прекина фреквенцијата на стоката и луѓето во и од курдскиот регион“, додаде Тефик.
Иран има три главни премини со курдскиот регион; Хаџи Омаран (во покраината Ербил), Парвезкхан и Башмак.
На 25 септември, Ирачаните во областите контролирани од Регионалната курдска влада и во спорните области помеѓу Багдад и Ербил, гласаа за тоа дали да прогласат независност од ирачката централна Влада.
Според резултатите објавени од страна на Регионалната курдска управа, речиси 93 отсто од гласачите се изјасниле за прогласување независност.
Нелегитимниот референдум наидува на силно противење од страна на повеќето регионални и меѓународни фактори, вклучувајќи ги САД, Турција и Иран, кои предупредија дека гласањето ќе го одвлече вниманието од ирачката борба против тероризмот и дополнително ќе го дестабилизира регионот.
Поради одржаниот референдум, Багдад исто така ги забрани сите меѓународни летови кон областите под контрола на Регионалната курдска управа и ги затвори сите надворешни дипломатски мисии кои се наоѓаат во регионот.