Sarp Özer
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
АФРИН (АА) - САРП ОЗЕР - Кампот за обука користен од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК, во запандиот дел на Африн, е заземен од страна на Турските вооужени сили (ТСК) кои во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ продолжуваат со операциите против оваа терористичката организација. Привлече внимание тоа што во кампот, во кој се обучувале групи од по 35 припадници на терористичката организација, се наоѓале тушеви, места за спиење и јадење, јавува Anadolu Agency (AA).
Oперацијата „Маслинова гранка“ во Африн, северна Сирија, која започна на 20 јануари, со цел осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, неутрализирање на терористите припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на овие терористи, е во тек и продолжува според планираното.
Исто така, операцијата е покрената во рамките на турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), почитувајќи го територијалниот интегритет на Сирија.
Турските вооружени сили ја презедоа контролата врз кампот за обука, користен од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК, во западниот дел на Африн.
Според информациите добиени од извори во регионот, терористичката организација во овој камп обучувала групи од по 35 лица, снимен и од страна на екипата на АА. Во таканаречениот камп за обука, се обучувале не само терористите на ПЈД/ПКК туку и терористите на ДЕАШ, како и децата од регионот кои биле присилно земени во војска.
Во овој камп за обука имало тушеви, простории за спиење и јадење, места за спорт, тунели и засолништа кои се користени за заштита од можни воздушни акции, како и една табла на која било напишано името на лидерот на оваа терористичка организација.