Meltem Bulur
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека неговиот американски колега, Рекс Тилерсон, му предложил формирање на една безбедносна зона од 30 километри во Африн, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, Африн бил темата за која било дискутирано за време на билатералната средба меѓу Чавушоглу и Тилерсон, која се одржа на средбата на министрите за надворешни работи во Париз на темата „Меѓународно партнерство против неказнивоста на употребата на хемиско оружје“.
За време на средбата, Тилерсон упатил предлог за формирање на безбедна зона од 30 километри во Африн, и нагласил дека тоа ќе ја отстрани загриженоста на Турција.