Ekip
05 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
ТОКИО (AA) - Јапонската компанија „Тојота“ објави повлекување на 2,43 милиони хибридни возила во Јапонија, но и во други земји поради проблем со моторот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата во петок соопшти дека во ретки случаи може да се случи возилата да не можат да влезат во режимот на возење „failsafe“, и да ја изгубат силата и брзината. Сервоуправувачот и системот за кочење ќе продолжат да функционираат, но губењето на брзината може да доведе до судар.
Наведено е дека повлекувањето се однесува на хибридите „тојота приус“ и „аурис“, произведени од октомври 2008 до ноември 2014 година. Опфатени се 1,25 милиони возила во Јапонија, 807.000 во Соединетите Американски Држави, 290.000 во Европа и 3.000 во Кина, а остатокот на возилата е низ светот.
Од „Тојота“ нагласија дека ќе го ажурирааат софтверот на возилата и така ќе го решат проблемот бесплатно.