Servet Günerigök
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, доцна синоќа предупреди дека Соединетите Американски Државии (САД) ќе вратат со тежок удар доколку бидат нападнати од страна на Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Секаков напад од страна на Иран, во која било форма против САД, ќе се соочи со повратен напад што ќе биде 1.000 пати поголем!“, напиша Трамп на Твитер.
Тој истакна дека Техеран можеби подготвува напад или атентат како одговор на американското убиство на високиот ирански генерал Касим Сулејмани.
Во својата објава на Твитер, Трамп уште еднаш ја одбрани одлуката за наредбата на убиството, велејќи дека било извршено поради тоа што генералот Касим Сулејмани планирал да изврши напад, убил американски трупи и предизвикувал смрт и страдање многу години.
Сулејмани, командантот на „Силите на Кудс“ на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда, беше убиен на почетокот на јануари во напад на американски беспилотни летала во Багдад, Ирак.