Ahmet Emin Dönmez
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА
Најмалку 50 лица загинаа при уривање на рудник за злато во подрачјето Камитуга, во провинцијата Јужен Киву, во Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тео Нгвабије Каси, гувернерот на покраината, изјави дека во подрачјето Камитуга дошло до уривање на рудник за злато.
Гувернерот Каси информираше дека во несреќата животот го загубиле најмалку 50 лица.
Во својата изјава гувернерот наведе дека поројните дождови, што веќе една недела се активни во подрачјето, ја предизвикале несреќата, информирајќи дека е прогласена дводневна жалост.
Претседателот на Општината Камитуга, Александре Бундја, изјави дека е можно сѐ уште да има рудари под урнатините во рудникот, додавајќи дека локалното население продолжува да го дава својот придонес во спасувачките операции.