Ayhan Mehmet
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
АТИНА (АА) - Бројката на децата бегалци без придружнци ширум Грција достигна на 4.779 лица, од кои околу 2.000 се водат како исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик министерката за труд на Грција, Домна Михаилидоу на прес-конференција истакна дека во земјата се наоѓаат 4.779 деца бегалци без придружници.
Михаилидоу нагласи дека околу 2.000 од овие деца поради различни причини избегале од местата каде живееле.
Според Михаилидоу, не се знае каде и под кои услови тие го продолжуваат нивниот живот, додека рече таа, грчката полиција продолжува со операции за наоѓање на овие деца.
Заменик министерката истакна дека 43 отсто од децата бегалци без придружници во земјата се со потекло од Авганистан, 25 отсто се од Пакистан и 9 отсто се од Сирија.
Таа информираше дека 93,8 отсто од нив се момчиња и 6,2 отсто се девојчиња, додека 7 отсто од нив се под 14 годишна возраст.
Истакнувајќи дека се остварени средби со амбасадорите на повеќе земји, вклучувајќи ги Германија и Србија, Михаилидоу рече дека постои можност дел од овие деца бегалци без придружници да бидат трансферирани во еден од овие земји.
Заменик министерката Михаилидоу нагласи дека работат на различни активновсти со цел да го решат проблемот со сместување на овие деца, и дека до Европската комисија поднеле барање за продолжување на финансирањето на хотелите каде се сместени дел од овие деца.
Според неа, до крајот на годината ќе се забележи раст во бројката на децата бегалци без придружници.