Safvan Allahverdi
27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, се согласни дека поранешниот американски потпретседател и потенцијален претседателски кандидат од редовите на Демократската партија, Џо Бајден, не е интелигентен, јавува Anadolu Agency (AA).
Бајден минатата недела, како можен кандидат на претседателските избори во САД следната година, рече дека Ким Џонг Ун е диктатор и тиранин и го критикуваше Трамп поради средбите со таков човек.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, синоќа ги коментираше овие изјави на Бајден и откри што за Бајден мислат Трамп и Ким.
„Трамп се согласува со севернокорејските медиуми кои Бајден го опишуваат како „акмак“ со ниска интелигенција. Мислам дека и Трамп и Ким се согласни со таквото мислење за поранешниот американски потпретседател Бајден“, рече Сандерс.
Taa истакна дека Трамп има исклучително добри односи со севернокорејскиот лидер Ким и дека тоа го користи за решавање на проблемите, вклучувајќи го и нуклеарното прашање.
„Трамп води успешна политика кон Северна Кореја, а неговите критичари не се непристрасни. За успех го сметам тоа што долго време немало тестирање на проектили со долг дострел и тоа што од Северна Кореја ги вративме нашите сограѓани и телата на настраданите војници“, рече Сандерс.