Michael Hernandez
12 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега нема да прогласува вонредна состојба, со цел да стави крај на делумната блокада на федералната Влада и осигура средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико, јавува Anadolu Agency (АА).
Трамп истакна дека американскиот Конгрес е тој кој треба да стави крај на повеќемесечната блокада.
„За мене би било лесно решение да прогласам вонредна состојба, но тоа нема да го направам така бргу“, рече Трамп.
Трамп во четвртокот предупреди дека, доколку Конгресот не одобри финансиски средства за изградбата на ѕидот, „веројатно, речиси дефинитивно“, ќе прогласи вонредна состојба, со цел да ги заобиколи пратениците.
Трамп бара Конгресот да одобри 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико, но демократите кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, се противат на тоа, што е причина за пропаѓање на преговорите за финансирање на Владата.
Веќе повеќе од две недели, околу 800.000 вработени во сојузната Влада не примаат плата.