Muhammed Bilal Kenasari
20 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп од Вашингтон отпатува во својата прва посета во странство по преземањето на функцијата во јануари оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп по тој повод преку Твитер, рече дека цел на претстојната посета е да се заштитат интересите на американскиот народ.
„Ние се подготвуваме за моето големо патување во странство.
Јас силно ќе ги штитам интересите на САД. Тоа е она што сакам да го работам", пишува Трамп.
За време на посетата, во придружба на Трамп ќе биде сопругата Меланија Трамп, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер.
Од друга страна, властите на Саудиска Арабија ги вршат сите неопходни подготовки во пресрет на претстојната посета на претседателот на САД во таа земја. Во Ријад на билборди низ градот може да видат информации за претстојната посета на претседателот на САД.
Покрај главните патишта, исто така се поставени и националните знамиња на двете земји.
Властите во Ријад дури отворија сајт на англиски, арапски и француски јазик посветен на посетата на Трамп.
Советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер претходно изјави дека претседателот на САД во Саудиска Арабија ќе одржи инспиративен говор за позитивниот поглед на исламот.
Потсетуваме, Трамп во рамките на својата прва посета во странство ќе ја посети Саудиска Арабија, а веднаш потоа и Израел и Ватикан. Трамп исто така треба да ја посети Палестина, каде што, наводно ќе побара продолжување на мировниот процес меѓу Израел и Палестина.
Трамп во текот на турнејата ќе присуствува на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО членки на ЕУ во Брисел, и на самитот на групи на седумте најразвиени земји на Г-7, кој ќе се одржи во Сицилија.
Во соопштението на Белата куќа претходно изјавија дека посетата на Израел и Саудиска Арабија ќе помогне за зајакнување на партнерството на САД со сојузниците и спречување на иранските закани.